Жените и децата бегалци од граничниот камен ќе бидат сместени во ПЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

По  застојот на 437 бегалци од Сирија и Ирак кои четири дена беа на граничниот камен со Република Србија денеска попладне одлучија да се вратат и да бидат сместени во прифатниот центар Табанвоце, каде во моментот се одвиваат сите подготовки за нивно прифаќање, јавуваат волонтерите од кампот.

За таа цел за околу 200 лица кои се очекува да се вратат во Прифатниот центар ќе се монтираат четири шатори со големина 5х9 и со првото порамнување на земјиштето истите ќе се монтираат и жените и децата ќе се вратат во кампот.

 

Loading...

12822057_10209228035084976_1145707001_n

 

Конечно после неколку денови застој помеѓу транспортот на бегалците и затегнатите односи помеѓу српските и македонските власти се изнајде некое рпивремено решение. Жените и децата ќе бидат сместени во овие нови шатори кои ќе се монтираат, а мажите најверојатно ќе останат на граничниот камен со барање да бидат пуштени во Србија. Станува збор за бегалци од Сирија и Авганистан со прописни документи, но сепак од српските власти не се пуштаат натаму.

Кога ќе биде одлучено за судбината на овие бегалци и дали Србија ќе ја крене рампата засега останува непознато.