Жена во Бангладеш приведена поради масовно труење мајмуни

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Бангладеш уапси жена осомничена за убиство на повеќе од десетина мајмуни така што им ја труела храната, соопштија официјалните лица во неделата.

Loading...

Најмалку 15 мајмуни починаа во вторникот во близина на фудбалско игралиште во градот Мадарипур, на околу 70 километри југо-западно од главниот град Дака.

И мајмуните мијат раце со сапун за да се заштитат (ВИДЕО)

54-годишната жена е уапсена и затворена откако признала дека ги труе животните, велат од полицијата.

Таа им рекла на истражувачите дека не може да го издржи фактот дека мајмуните постојано барале храна.

Ако биде осудена, таа се соочува со три години затвор или 3.536 долари парична казна, или и двете.

Leave a Reply