Жена почина по убод од стршлен, немало начин да се спаси

Сподели со своите пријатели

Жителка на селото Рсавци во близина на Врњачка Бања во Србија, М.М. (38), мајка на две деца, трагично почина вчера наутро откако беше касната од стршлен, пишува Телеграф.

Според мештаните, несреќата се случила ненадејно, а убодната рана била во пределот на вратот, што довело до брзо влошување на нејзината здравствена состојба.

За жал, и покрај обидите да се пружи помош, соодветна медицинска интервенција не стигнала на време.

Трагедијата го потресе целото село, а мештаните истакнуваат дека едвај имало доволно време да се спречи несреќата.