18.08.2016 13:21

Жена од Куманово добила тешки повреди, откако „Голф“ удрил во неа


Вчера околу 16.40 часот во Куманово, ул.„1-ва“, се случила сообраќајна незгода во која Н.П. (33) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешак С. В. (55) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, поради сериозноста на повредите, била пренесена во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments