Жена доживеала шок во трговски центар: Манијак ја снимал тајно во кабината

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишниот Ричард Вајли од Ворчестер, Англија, бил осуден на три години вклучување во добротворна активност во округот, откако било откриено дека тој скриено снимил повеќе од 250 жени во трговски центри.

Loading...

Вејли минатата година демнел и ги снимал жените во кабините на трговските продавници имајќи скриена GoPro камера во левиот чевел.

Кога влегувале во кабините, Вејли бил во соседната кабина, па ја поставувал ногата така што делумно влегувал во нивниот простор за да може да се снима.

 

 

Овој манијак долго време снимал жени, но една го открила откако и паднала чантата на земја и го видела како снима.

„Се наведнав да ја дофатам, а потоа забележав нешто што личи на камера на чевелот на еден човек во соседната кабина. Неговата нога беше вкочанета, како да снимаше нешто. Тој не се пресоблекуваше. Го фотографирав на телефон и отидов кај вработените во продавницата да го пријавам. Безбедноста на продавницата го запре по пристигнувањето “, изјави за новинарите неименувана 24-годишна девојка по апсењето на Вајли.

Loading...

Токму нејзината слика од телефонот и служела на полицијата како еден од најважните докази на судењето. Она што ги шокирало сите е фактот дека Ричард Вајли снимил повеќе од 250 жени како се пресоблекуваат во трговски центри.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *