Желбата за одредена храна сугерира постоење на некои болести

Сподели со своите пријатели

На сите луѓе им се пријадува по некое лакомство во даден момент. На некои пак им се припива некој пијалок.

Во одредени случаи, сепак, кога желбата за одредена храна е избезумувачка, може да станува збор за некакво скриено заболување.

Кои се  знаците дека страдате од дефинитивна болест според лакомството, што ви се јаде силно?

Ви се јаде мраз

Освен на бремените жени, мраз им се пријадува и на страдалниците од железна анемија или само недостаток на железо.
Некои луѓе кои имаат очајна потреба од железо доживуваат не помалку чудни желби за храна – им се јадат нејадливи нешта – мраз, хартија, глина, валкани предмети. Овие “деликатеси” се сметаат за “знаци” кои се разгледуваат и како психичко растројство.

Но, во повеќето од овие случаи станува збор за силен недостаток на железо. Според неодамнешното истражување, честото џвакање на мраз е начин мозокот да се справи со бавноста, зголемувајќи ја на тој начин циркулацијата. Така недостатокот на енергија предизвикана од намалената количина железо се совладува привремено.

Постојано ви се пие вода

Ако страдате од континуирана неугаслива жед, тоа може да зборува многу за дијабетес. Ако сте толку жеди што не можете да се наситите со една чаша вода одеднаш, а ви требаат уште една или две, а набргу потоа и уште, значи несомнено имате проблеми со нивото на гликоза во крвта.

Со потребата од вода телото се обидува да ја раствори акумулацијата на излишна глукоза, но безуспешно. Таа се акумулира во крвта, бубрезите, нервниот систем, очите и предизвикува забрзана работа. Чистењето од организмот станува потешко и потешко поради недостигот на инсулин. Ова ја зголемува повеќе жедта и ја прави сè повеќе неугаслива.

Неиздржлива желба за сол

Ако постојано ви се јадат солени работи, па дури одите дотаму што лижете сол од раката, тоа дефинитивно може да е сигнал дека страдате од болеста на Адисон.

Болеста на Адисон претставува ретка ендокрина болест која ја зафаќа надбубрежната жлезда или попрецизно секрецијата на одредени хормони од нив. Ова предизвикува телото да губи многу соли и електролити, што пак зголемува до необични нивоа желба за сол.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.