Жаклина Јовановска кандидат на СДСМ за градоначалник на Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска ја доби подрршката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за уште еден мандат.

Loading...

Јовановска е еден од 30те кандидати кои вчеравечер ги објави претседателот на СДСМ Зоран Заев, а кои ќе бараат поддршка за градоначалничка функција од граѓаните во своите општини.

Името на Јованвоска уште во февруари на прес конференција го објави Заев како еден од можните кандидати на партијата во оваа општина, што вчеравечер на седницата на раководството на СДСМ беше и потврдено.

Јовановска во 2017 година исто така ја доби поддршката од СДСМ, но и на изборите од граѓаните со што стана градоначалничка на оваа мала рурална општина.

Кандидатот за Куманово веројатно ќе се знае кон крајот на месец август, а меѓу најзвучните имиња кои вчера беа објавени е онаа на Петре Шилегов кој ќе бара втор мандат од граѓаните за градоначалник на Град Скопје.

Во продолжение листата на сите досега познати кандидати на СДСМ:

  1. Перо Костадинов – Валандово

 

  1. Меликије Халими – Арачиново

 

Loading...
  1. Благојчо Шапов – Богданци

 

  1. Зоран Зимбаков – Босилово

 

  1. Велимир Смилевски – Бутел

 

  1. Маријан Јанев – Василево

 

  1. Сашо Јанковски – Вевчани

 

  1. Ивица Димитров – Виница

 

  1. Роберт Бешовски – Градско

 

  1. Горан Трајковски – Делчево

 

Loading...
  1. Лазар Петров – Демир Капија

 

  1. Анго Ангов – Дојран

 

  1. Борче Гиевски – Зелениково

 

  1. Јордан Насев – Карбинци

 

  1. Филип Темелковски – Кисела Вода

 

  1. Благојчо Илиев – Конче

 

  1. Томе Христовски – Крушево

 

  1. Аце Велковски – Лозово

 

Loading...
  1. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше

 

  1. Љубе Кузмановски – Новаци

 

  1. Константин Георгиевски – Охрид

 

  1. Елизабета Зелениковска – Петровец

 

  1. Славчо Пандурски – Пехчево

 

  1. Драган Анастасов – Пробиштип

 

Loading...
  1. Живко Гошаревски – Ресен

 

  1. Стојан Николов – Росоман

 

  1. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане

 

  1. Горан Стојановски – Чашка

 

  1. Сашко Николов -Штип

 

Loading...
  1. Петре Шилегов – Скопје

 

Leave a Reply