Зголемено полициско присуство во пресрет на јавната седница за актот од Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Во Основен суд Скопје 1 Скопје за денес е закажано одржување на јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ против лицата кои учествуваа во вооружениот инцидент на 9 и 10 мај во кумановската населба Тоде Мендол, позната како Диво Насеље.

Loading...

Надлежниот обвинител денес пред Советот од судии ќе го претстави обинителниот акт според кој групата од 29 -мината обвинети за тероризам, и двајцата членови кои се во бекство, на почетокот на годината започнале со подготовка на терористички акт и спроведување на вооружен напад на 9 и 10 мај во кумановската населба Тоде Мендол.

Со претставување на актот, Советот подоцна треба да одлучи дали ќе го прифати обвинението или ќе бараат негово преработување. Во тој контекст, на социјалната мрежа, уредникот на ТВ Шења, Мухамед Зеќири објави дека во Скопје е видливо зголемено полициско присуство во пресрет на одржувањето на денешната јавна седница на Советот на судии.

Инаку, за потсетување, во инцидентот на 9 и 10 мај загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесеттина беа тешко повредени.