Јавното претпријатие „Пазаришта“ од Куманово бележи зголемување на своите приходи, покажа финансискиот извештај за првите три месеци од годинава, а кој денеска беше презентиран на седница на Советот на Општина Куманово.
Колку точно се зголемени вкупните приходи е нпознато, но директорот нагласи дека за дури 200 отсто е зголемен приходот од „бувљакот“, а зглемен е бројот на тезги.
– Приходи кои биле генерирани од бувљакот имаме зголемување за 200 отсто, од приходите за паркирање зголемување 80 отсто, вреди да се спомене дека во јануари 2021 година биле регистрирани околу 330 тезги, а во јануари 2022 година се регистрирани 478 тезги. Капацитетите се овие и во минатото, не дека се фалиме со нешто дека сме градиле надвор од тоа што било, но сега се менаџира чесно, професионално, ефикасно и ефективно и резултатите се пред вас. Ова е разликата кога менаџира Алијанса на Албанците наспроти ДУИ, рече директорот Газим Кадриу.
На излагањето на Кадриу реплика имаше советникот од ДУИ Фитор Јакупи, кој истакна дека споменувањето на партијата е популизам, а разликата во приходите не може да се споредува, бидејќи во 2021 година на сила биле ковид мерките.
Никола Ивановски