Зголемени нивоата на реките, повеќето над или во рамки на октомврискиот просек

Сподели со своите пријатели

Бранот интензивни врнежи што ноќеска ја зафати земјава, предизвика промени во хидролошката состојба. Денешните мерења покажуваат зголемени водостои на повеќето реки.

Loading...
Според УХМР, нивоата на Црна кај Новаци, на Вардар кај Велес и на Крива Река се двојно повисоки од просекот за октомври.
Сепак, регистрирани се и драстични намалувања, како на Црн Дрим кај Ложани.
Кај состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, нема значителни поместувања.
Мирјана Чакарова

Leave a Reply