Зголемена загриженост поради американските и британските напади: Реагираа Кина, Русија и Иран

Сподели со своите пријатели

Кина и Русија денеска изразија загриженост поради американските и британските напади врз Хутите во Јемен.

Loading...

„Кина е загрижена поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Москва ги осуди и нападите во текот на ноќта на Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија во Јемен против бунтовниците Хути.

Нападите во Јемен се нов пример за „целосно непочитување на меѓународното право во име на ескалација во регионот и заради постигнување на сопствените деструктивни цели“, рече портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Денес, Иран, исто така, ги осуди воздушните напади на САД и Велика Британија врз бунтовниците Хути во Јемен.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во изјавата „најостро ги осуди воените напади на САД и Велика Британија врз неколку градови во Јемен“.

Техеран изјави дека тоа е „еклатантно кршење на суверенитетот“ на земјата.

САД и Велика Британија синоќа извршија напади врз упориштата на јеменските бунтовници Хути кои со недели се закануваат на меѓународниот поморски сообраќај во Црвеното Море како знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Loading...