Зголемен бројот на пожари во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе од двојно е зголемен бројот на пожари во август годинава во однос на истиот период минатата година на подрачјето што го покрива противпожарната единица од Куманово, информираа денеска надлежните.

Loading...

Лани во август биле регистрирани 60 интервенции, годинава дури 131 пожар, од кои 85 отсто се пожари на отворен простор. Лани до крајот на 2018 имало 519 пожари, а досега има 497 интервенции, што според надлежните е значително зголемување споредено со претходните години.

-Почетокот на септември имаме слична ситуација како и лани, 15 и 17, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Тој не сакаше да навлегува во причините поради кои настануваат пожарите на отворен простор, но сепак истакна дека 90 отсто од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

Во текот на летото имаше и пожари кои постојано се случуваат на исти места во градска средина како кај Спомен Костурницата и „дивата” депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо”.

– Апелирам граѓаните совесно да се однесуваат, повика Илиевски.

Илиевски вели дека засега солидно се екипрани, но се надева дека и во иднина ќе продолжи трендот на зголемување на бројот на вработени пожарникари, како и набавка на возила и противпожарна опрема.

Leave a Reply