Зголемен број повици и интервенции на Итна помош Куманово

Сподели со своите пријатели

Зголемен број на интервенции бележи кумановската Итна помош, информираа денеска, лекарите од оваа здравствена установа.

Loading...

Топлото време тешко го поднесуваат хронично-болните лица и повозрасните граѓани. Дневно во Итната помош се јавуваат над 130 кумановци.

Екипите на здравствената установа пружаат помош и на пациенти при колапси на јавни места и површини, а зголемен е и бројот на интервенции на случени сообраќајни несреќи.

„Дел од пациентите не ги почитуваат препорачаните мерки, не земаат редовно терапија. Им укажуваме дека не смеат да излегуваат од 11 до 17 часот. Зголемен е бројот на интервенции и повици од хронично болните, дијабетичарите, во последен период и интервенираме и на повредени во сообраќајни незгоди”, изјави доктор Исмет Ферати, од Итна помош Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода четири локации во Куманово

Здравствените работници пропорачуваат хронично болните, повозрасните да ги следат насоките на матичните лекари, пред сè редовно да ја земаат пропишаната терапија.

На временските промени не е имуна ниту работоспособната популација, велат лекарите од кумановската Итна помош.

Како превенција препорачуваат доволен внес на течности, свежо цедени сокови и пред сè вода, да консумираат лесна храна, која се базира на овошје и зеленчук, да носат лесна и светла облека, да одбираат места за пешачење со повеќе сенка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Роднина и сосед пукале со пиштол во липковец

Здравата, работоспособната популација, најчесто помош бара поради малаксаност, гадење, пад на крвниот притисок.

Loading...

Службата апелира и до возачите периодов, кога имаат почести повици, да ја почитуваат обврската за првенство на минување на возилото на итната помош, бидејќи некогаш минути одлучуваат за нечиј живот.

МИА