Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток во среда наутро, точно во 11:24 часот по локално време.

Loading...

Недолго потоа, четири цунами бранови го погодија брегот на Северокурилск во Сахалинската област.

Сепак, додека првите бранови на цунамито стигнаа до Хаваи, неколку часа подоцна, илјадници километри источно, сè уште беше вторник навечер.

Ова се случи затоа што брановите, барем во календарска смисла, „се вратија назад во времето“.

Имено, додека цунами брановите се движеа кон исток, тие ја преминаа Меѓународната датумска граница – невидливата граница што го дели Тихиот Океан и го одделува еден календарски ден од следниот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потопен руски град, евакуирана нуклеарката Фукушима во Јапонија