Земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда M L 5.3.

Loading...

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети.

На територијата на Македонија, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката.

Во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово