Земјотрес утринава регистриран во Романија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово околу 6.25 часот во Романија, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Епицентарот на земјотресот наводно бил во близина на градот Лопатари, на околу 170 километри од Букурешт.

Засега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета.