Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Чиле (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди денес брегот на Чиле, соопшти американскиот геолошки центар.

Loading...

„Не се очекува цунами“, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот беше на 134 километри западно од градот Талка, на длабочина од околу 10 километри.

Чиле има долга историја на смртоносни земјотреси, вклучително и земјотрес од 8,8 степени што предизвика цунами и ги опустоши јужните крајбрежни градови.

Талка се наоѓа на околу 255 километри од главниот град Сантијаго.

Leave a Reply