Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди далечниот архипелаг Бонин во Јапонија, југоисточно од главниот архипелаг, поради што службите најавија мала промена на нивото на морето.

Loading...

Земјотресот бил на длабочина од 40 километри.

Јапонската метеоролошка агенција издаде прогноза за цунами, совет што подразбира мали промени во нивото на морето, за област околу голем број оддалечени острови, вклучувајќи го Чичиџима, еден од островите на архипелагот Бонин.