Земјотрес регистриран во скопско

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 58 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 km источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Loading...

– Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмошлошката опсерваторија.

Leave a Reply