Земјотрес ја погоди Австрија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Австрија, јавуваат медиумите.

Loading...

Земјотресот е регистриран во 4:50 часот во областа Кицбил во Тирол.

Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на длабочина од 49 километри.

Австриските медиуми јавуваат дека жителите на оваа област неодамна почувствувале како земјата се тресе седум пати.

Иако ова веројатно било невообичаено за локалното население, за експертите не е некој посебен настан.

„Овој вид на серија не е ништо невообичаено за нас“, вели Мајкл Штрасер од Институтот за геологија на Универзитетот во Инсбрук.

„Во таков случај, зборуваме за серија земјотреси. Ова често се случува во алпскиот регион“, додаде тој.

Штрасер истакнува дека е невозможно да се предвиди дали во блиска иднина ќе има позабележителни земјотреси на тоа подрачје.

Loading...

Низ Австрија секоја година има повеќе земјотреси од очекуваното.