Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа го потресе Лос Анџелес, само неколку часа по завршувањето на церемонијата на доделувањето на Оскарите за категориите за најдобри филмови.
Loading...
Земјотресот бил регистриран во 22:13 часот по локално време, со епицентар во Северен Холивуд, а бил почувствуван и во долината Сан Фернандо, Торанс, Пасадена и други делови на Лос Анџелес, објави NBC Лос Анџелес.
Земјотресот се случи само неколку часа откако познатите го напуштија театарот Долби во Холивуд, по завршувањето на 97-то доделување на Оскарите, пренесува Танјуг.