Земјоделците од денеска можат да аплицираат за поддршка од Програмата за спроведување на интервентен фонд

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека од денес ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството. Со програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет како и финансиска поддршка за одгледување на кокошки несилки. За овие намени се обезбедија 400 милиони денари.

Loading...

Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата. Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 15 часот во Македонија?

Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 1 декември 2021 година но 31 мај 2022 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува  2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари по хектар за за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре.

Висината на финансиската поддршка изнесува  400 денари по хектар за користено течно ѓубре.

Исплатата ќе се извршува континуирано еднаш неделно по обработка на примените барања.

Барањата за финансиска поддршка за одгледување на кокошки несилки се поднесуваат најдоцна до 30 април 2022 година на рачно пополнето барање.

Во прилог нан барањето се доставува потврда за бројна состојба на кокошки несилки издадена од официјален ветеринар.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)

Висината на финансиската поддршка изнесува  60 денари по несилка.

Финансиската поддршка за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет ќе се извршува врз основа на податоци кои до Агенцијата ќе ги доставуваат регистрираните кланични капацитети, без претходно поднесено барање.

Висината на финансиската поддршка изнесува  400 денари по грло предадено јагне во период од 1 јануари до 31 мај 2022 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 1500 денари по гоеница со тежина над 90 килограми заклана  во период од 1 февруари до 30 април 2022 година.

За дополнителни информации барателите може да се обратат во Агенцијата на телефонскиот број 070 229 452 , а сите потребни документи може да ги најдат на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот: Директни плаќања 2022.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР: Изборниот процес се одвива мирно