Лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот ж се согласија веднаш да финансираат фонд од 20 милиони американски долари за да им помогнат на земјите од регионот Амазонија да се борат со шумски пожари и да започнат долгорочна глобална иницијатива за заштита на прашумите.
Ова го соопштија францускиот претседател Емануел Макрон, домаќин на годинешната средба на лидерите на Г-7, и чилеанскиот претседател Себастијан Пиниера.
Макрон рече дека Амазон ги претставува „белите дробови“ на планетата и дека лидерите сметале за слична поддршка за Африка, која е исто така под пожари.
Макрон рече дека САД ја поддржуваат иницијативата, иако призна дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска прескокнал работна сесија за ова прашање.
Сателитите досега забележаа повеќе од 41.000 пожари во регионот Амазон оваа година, од кои повеќе од половина избувнаа овој месец. Експертите велат дека најголем дел од пожарите се предизвикани од земјоделците кои расчистуваат постојно земјоделско земјиште.