Земји кои ги имаат забрането социјалните мрежи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Социјалните мрежи се нешто без што модерниот живот не би можеле да го замислиме, но постојат држави чии што жители живеат без.

Loading...

Социјалните мрежи се место каде контролата на говорот тешко може да се контролира па затоа дел од државите прибегнуваат кон нивна целосна забрана.

 

 

Така го држат населението во „темнина“ од случувањата однадвор, а воедно спречуваат секакви критики на сметка на власта.

Да почнеме со Северна Кореја. Таму не само што е забранет пристапот до социјални мрежи, туку никој нема пристап до интернет. Само мал дел од населението има пристап до ограничен број на државни сајтови и тоа е се.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Носат ли црните мачки навистина несреќа? (ВИДЕО)

Следува Кина. Таму се блокирани голем дел од социјалните мрежи, меѓу кои Facebook, Google, Twitter, Instagram, Snapchat, Yahoo, и YouTube.

Loading...

Тоа не значи дека Кинезите немаат пристап до социјални мрежи, тие имаат свои социјални мрежи што можат да ги користат, но често се затворени за луѓе „однадвор“. Дури и ТикТок која е во сопственост на кинеска компанија не изгледа како што го знаеме, туку се нарекува DouYin и прикажува многу поразлична содржина од онаа што ние ја гледаме.

Фејсбук, Твитер, Инстаграм, ХБО и Нетфликс се забранети во Иран. Тоа е третата најцензурирана земја кога станува збор за социјалните мрежи.

Следува Виетнам, каде Фејсбук и Инстаграм исто така се блокирани. Овие социјални мрежи, но и многу други се блокирани и во Русија, особено по нивната инвазија врз Украина. Им преостанува нивната ВКонтакте која е многу слична на Фејсбук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

Фејсбук, Инстаграм и Твитер се меѓу најцензорираните социјални мрежи. Така Фесбук го имаат забрането и Ерменија, Мјанмар, Туркменистан, Уганда.

Според анализите од 2015 година наваму најмалку 71 држава делумно или целосно во одреден период забраниле пристап до одредена социјална мрежа.