Зеленски: Започна истрагата на МКС за уништувањето на браната

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка е започната.

Loading...

„Претставниците на МКС го посетија регионот Херсон во претходните денови. На првиот ден од катастрофата беше испратено барање до МКС да спроведе истрага од Канцеларијата на јавниот обвинител и тие веќе работат на тоа“, рече Зеленски, објави Ројтерс.

Зеленски рече и дека е важно меѓународните правни експерти да ги увидат последиците од катастрофата, вклучително и инцидентите во кои, како што рече, биле гранатирани поплавени подрачја.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.