Зеленски за нападите на пристаништата: Русија сака глобална катастрофа

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз пристанишната инфраструктура покажале дека Москва има намера да создаде „глобална катастрофа“ со криза на пазарот на храна.

Loading...

– За руската држава ова не е само борба против нашата слобода и нашата земја – рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Москва ја води борбата за „глобална катастрофа“.

– Во нивното лудило им треба колапс на светскиот пазар на храна, ценовна криза и прекини во снабдувањето – изјави претседателот на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Балтикот се исклучува од руската мрежа