Зеленски во Лондон: „Дојдов лично да ви се заблагодарам за помошта за Украина“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со британскиот премиер Риши Сунак за време на ненадејната посета на Лондон.

Loading...

Предвидено е Зеленски да им се обрати на британските пратеници и да се сретне со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата.

Како што напиша на Инстаграм: „Велика Британија беше една од првите земји од кои дојде помош за Украина. Дојдов во Лондон лично да им се заблагодарам на граѓаните на Британија за поддршката и на премиерот на оваа земја“.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Договорите на вооружените сили на Украина за 18-годишници се „билет во еден правец“

Британскиот премиер Риши Сунак на Твитер објави фотографија на која се поздравува со Зеленски.

„Добредојдовте во Обединетото Кралство“, напиша Сунак на социјалната мрежа.

Loading...

 

 

Зеленски, според соопштението на британската влада, доаѓа во време кога властите во Лондон најавуваат планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина.

Велика Британија, исто така, го забрзува распоредувањето на воена опрема во обид да им даде предност на украинските сили на бојното поле и да ја ограничи способноста на Русија да таргетира цивилна инфраструктура.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.