Зеленски во Давос повика на построги санкции кон Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска на состанокот на Светскиот економски форум во Давос дека светот се соочува со пресвртница и дека мора да ги зајакне санкциите против Русија.

Loading...

„Историјата е на пресврт, ова е навистина моментот кога се одлучува дали бруталната сила ќе владее со светот“, рече Зеленски во своето обраќање пред учесниците на конференцијата.

 

Песков го обвини Западот дека предизвикува глобална криза со храна

 

Тој исто така истакна дека во рускиот воздушен напад врз селото Десна, кое се наоѓа во северниот украински регион Чернихив, минатиот вторник загинаа 87 лица, пренесува Ројтерс.

Зеленски додаде дека посилните санкции кон Русија, вклучително и ембаргото за нафта, ќе ги одвратат другите земји кои размислуваат за употреба на брутална сила од нивните намери, наведува британската агенција.