Зеленски: Украина станува посилна, војната се враќа во Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната „постепено се враќа“ во Русија неколку часа откако Кремљ го обвини Киев дека ја гаѓа Москва со дронови, последен во серијата напади.

Loading...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во неделата биле пресретнати три беспилотни летала, но дека бил погоден деловен и трговски центар во западниот дел на главниот град.

Оштетени се петтиот и шестиот кат од 50-катницата, но нема повредени, јави државната новинска агенција „ТАСС“.

Видео снимката ги покажува урнатините, како и итните служби на местото на настанот.

– Украина е се посилна, а војната постепено се враќа на територијата на Русија, во нејзините симболични центри и воени бази – рече Володимир Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека „ова е неизбежно, природно и апсолутно праведно“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

 

 

Loading...

 

Портпаролот на украинските воздухопловни сили рече дека последните напади со беспилотни летала врз Москва имале за цел да влијаат на Русите кои, откако Кремљ ја нападна Украина во февруари 2022 година, мислеле дека војната е далеку.

– Секогаш нешто се случува во Русија, како и во Москва. Сега војната ги погодува оние кои не беа загрижени. Без разлика на тоа како руските власти би сакале да замижат пред ова, велејќи дека пресретнале сè… нешто е погодено – изјави портпаролот Јуриј Ихнат на украинската телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Севернокорејските војници се вратија на фронтот во регионот Курск

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.