Зеленски: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека земјата може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и брзо го зголемува производството на друго оружје.

Loading...

Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милиони беспилотни летала оваа година, пренесува Ројтерс.

„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади, Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.

Украина треба да го зголеми тројно своето вкупно домашно производство на оружје во 2023 година, а потоа повторно да го удвои тој број само во првите осум месеци од оваа година, рече премиерот Денис Шмихал на истиот собир.

Украинските власти не дадоа апсолутни бројки, но Ројтерс известува дека Украина сега троши приближно половина од својот државен буџет за одбрана, или околу 40 милијарди долари.