Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е целосно подготвена да ги започне преговорите за пристапување во Европската унија.
„Одржав состанок за Европската унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна“, рече Зеленски синоќа во видео обраќање, според Гардијан.
Тој изјави дека Киев, во исто време, прави се што е можно и дека Европската унија е целосно подготвена, „точно оваа година“.
Зеленски изјави дека разговарал со военото раководство за тоа „каде одиме напред и каде украинските сили се во дефанзива“.
„Во сите области првата задача е да се уништат што повеќе окупаторите, нивната опрема, залихи, магацини и штабови. Русија мора да губи секој ден – тоа е фер“, рече украинскиот претседател.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.