Зеленски со наредба до генералите: Сакам војска од милион луѓе!

Сподели со своите пријатели

Украина со помош на оружјето на НАТО најавува силен контранапад на југот на земјата, за да го ослободи тој дел на Украина од агресорите.

Loading...

Поради ова, украинскиот претседател Володимир Зеленски осмислува нова стратегија, која ќе вклучува милион војници опремени со најмодерното западно оружје.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников како главна цел го наведе ослободувањето на областа на Црното Море, која е од витално значење за украинската економија.

„Политички гледано, тоа е клучно за нашата земја. Претседателот ја издаде наредбата, а сега останува на воените службеници да направат план“, рече Резников и додаде дека е во постојан контакт со западните колеги на кои детално им објаснува какво оружје и треба на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Тој изјави и дека е задоволен од соработката со земјите од НАТО, но дека таа мора да се забрза.

Во прилог на фактот дека нешто големо се подготвува на југот на земјата, Украина апелира до своите граѓани да се евакуираат од Херсон.

Имено, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вчера ги предупреди цивилите во Херсонската област под руска окупација да ги напуштат своите домови бидејќи таму украинските вооружени сили подготвуваат контранапад, без да прецизира кога тоа би можело да се случи.

„Со сигурност знам дека сопругите и децата не треба да бидат таму и дека не смееме да дозволиме тие да станат „човечки“ штитови“, рече Верешчук.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

Русија продолжува со гранатирањето

Сепак, украинскиот план е комплициран од континуираното силно таргетирање на неосвоените градови низ земјата од страна на Москва.

Во неделата беше погодена петкатница во градот Часив Јар на истокот на земјата, а во нападот загинаа 15 лица, додека дваесетина од нив сѐ уште се заробени во урнатините.

Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека нападот е „уште еден терористички напад“ и дека Русија треба да биде означена како терористичка држава.

Исто така, украинската страна денеска соопшти дека руските сили ја бомбардираат целата источна територија, бидејќи сакаат да го окупираат индустрискиот центар Донбас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е тактичко нуклеарно оружје со кое Русија им се заканува на Украина и НАТО сојузниците?

Сметаат дека жестокото гранатирање е подготовка за уште поголемо засилување на нападот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.