Зеленски: Руските пропагандисти ќе бидат одговорни за учество во воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди руските пропагандисти дека „ќе сносат одговорност за учество во воени злосторства“.

Loading...

„Руските граѓани ќе ве мразат затоа што постојано сте ги лажеле со години. Последиците од вашите лаги ќе се почувствуваат во паричниците, помалку можности и украдената иднина на руските деца. Војната секогаш ѝ штети на жртвата, но и на агресорот, кој го сфаќа тоа подоцна. Тој секогаш разбира и секогаш страда“, рече Зеленски.

 

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Главниот обвинител на Украина, Ирина Венедиктова, повика на нов истражен модел за утврдување на воените злосторства во Украина.

Таа рече дека нејзината канцеларија „исто така презеде мерки против оние кои ја поттикнаа војната и предизвикаа дополнителни злосторства на украинска територија“.

 

Loading...

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Предупредувањето наводно било упатено до оние што таа ги нарече руски пропагандисти, вклучително и неколку руски познати личности кои ги опиша како поддржувачи на Путин.