Во Украина, на 359-от ден од почетокот на руската инвазија, сѐ уште се водат најжестоки борби околу Бахмут, на истокот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руската пролетна офанзива веќе започнала.
Русија во петокот изврши масовен ракетен напад врз клучните инфраструктурни и воени цели низ целата земја, соопштија украинските власти.
Во пресрет на годишнината од војната, Зеленски во интервју за Би-Би-Си рече дека планираната офанзива на Москва веќе започнала и дека нападите се случуваат од неколку правци.
Тој ја отфрли можноста за предавање на дел од својата земја на Русија како дел од мировниот договор.
„Се разбира, модерното оружје го забрзува мирот. Оружјето е единствениот јазик што Русија го разбира“, рече Зеленски.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека конфликтот меѓу земјите од Алијансата и Русија може да биде долгорочен и дека Алијансата ќе мора да биде подготвена за таков пресврт на настаните.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.