Зеленски: Русите не ја напаѓаат Европа само затоа што Украинците ги кочат

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека руските сили не напаѓаат други европски земји само затоа што ги држат Украинците и Украинките со оружје во рацете и под сино-жолтото знаме.

Loading...

– Секој што дејствува на фронтот, секој што ја штити земјата од руски диверзанти и терор, секој што извршува борбени задачи заслужува благодарност и почит. Руските убијци и мачители не напредуваат понатаму низ Европа само затоа што ги задржуваат Украинци и Украинки со оружје во рацете и под сино-жолтото знаме – рече тој во вечерното видео обраќање.

Зеленски додаде дека во Украина има многу ѕидови од куќи и цркви кои сега се запалени и урнати од руски гранати, што, како што рече, доволно зборува за тоа кој точно треба да запре за да се запре војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп имал долг разговор со Зеленски, разговорите со лидерите на НАТО се во тек

Во своето обраќање, Зеленски не се осврна директно на папата Франциско или неговите изјави, но рече дека идеите на папата немаат никаква врска со напорите на верските личности во Украина да и помогнат на земјата, објави претходно Ројтерс.

Да потсетиме дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, рече дека Украина треба да собере храброст, да подигне „бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија.

Изјавата крена бура, па Ватикан подоцна објасни дека папата Франциско не ја повикува Украина да се предаде, туку на прекин на огнот и храброст во преговорите, како и дека „преговорите никогаш не се предаваат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Светот е побезбедно место по средбата меѓу Трамп и Путин

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.