Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската инвазија на неговата земја е „катастрофална“ грешка, откако Русија прогласи стратешка победа во Мариупол.
За време на ноќното обраќање од Киев, Зеленски рече дека инвазијата била потврдена како „апсолутен неуспех“ и тврди дека руските сили останале без проектили за да ја нападнат украинската армија.
Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана
Зеленски „удри“ и врз руските лидери, за кои рече дека се плашеле да признаат „дека биле направени катастрофални грешки на највисоко воено и државно ниво“ за време на конфликтот, пренесува Би-Би-Си.
Украинскиот лидер ги обвини властите во Москва дека ги принудуваат младите, неискусни регрути на линијата на фронтот и ги фрлаат „во битка како топовско месо“.
Тој го изјави ова откако 21-годишен руски војник, првиот кому во Киев му се судеше за воени злосторства за убиство на невооружен цивил, се изјасни за виновен.