Бурбок: Русија го користи гладот како оружје во војна

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Русија дека ја користи блокадата на извозот на жито од Украина како воено оружје, пренесува Танјуг.

Loading...

„Москва тоа го прави не само со блокирање на украинските пристаништа, туку и со уништување на силоси, патишта, железници и полиња“, рече Бурбок на состанокот на министрите за надворешни работи на ОН во Њујорк.

Германската влада тврди дека Русија ја спречува Украина да извезе 20 милиони тони пченица, главно од пристаништето Одеса, пишува Билд.

„Русија не ја води својата брутална војна само со тенкови, проектили и бомби. Русија води војна со уште едно страшно и тивко оружје – гладот ​​и сиромаштијата“, рече Бурбок.