Зеленски: Русија воопшто не ги брои своите луѓе, постојано ги праќа да нѐ нападнат!

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека борбите околу Бахмут, град на истокот на земјата што руските сили се обидуваат да го освојат со месеци, се интензивираат.

Loading...

„Најголемите тешкотии се исти како и досега во Бахмут… Русија воопшто не ги брои своите луѓе, постојано ги праќа да ги напаѓаат нашите позиции. Интензитетот на борбите само се зголемува“, рече Зеленски во својата редовна вечерна порака до граѓаните.

Од минатото лето, руските сили се обидуваат да го заземат Бахмут, кој стана симбол на борбата за контрола над регионот Донбас во источна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)

Руските сили со недели се обидуваат да го опколат Бахмут и успеаја да пресечат неколку важни патишта за снабдување на украинските сили.

Руската паравоена група „Вагнер“, која е на линијата на фронтот во тој дел на Украина, минатата недела објави дека освоила три села во близина на Бахмут.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.