Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е можно Русија да се врати на преговорите за завршување на војната бидејќи сè уште „ја чувствува својата сила“.
Loading...
– Треба да ја ослабиме Русија и светот треба да го направи тоа – рече Зеленски.
Тој изјави дека Украина го прави своето на бојното поле и го повика Западот економски да ја ослабне Русија со уште построги санкции.
„Мораме целосно да ја отсечеме Русија од глобалниот финансиски систем“, рече тој.
Тој исто така изјави дека Украина е подготвена да преговара со Русија за завршување на војната, „но не по цена на нејзината независност“.