Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и обновување на оштетената енергетска инфраструктура.
Зеленски го нарече состанокот „исклучително важен и продуктивен“, но не прецизираше што е договорено.
Тој му се заблагодари на Макрон за неговата непоколеблива поддршка од почетокот на војната во Украина, пренесува Ројтерс
– Исклучително важен и продуктивен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Конкретни одлуки за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Конкретни иницијативи за обнова на уништената енергетска инфраструктура – наведе Зеленски на Твитер.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.