Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека продолжувањето на забраната за извоз на украински жита по копнен пат во Европската унија е „неприфатливо“.
Loading...
– Нашиот став е јасен: блокирањето на извозот по копно по 15 септември, кога истекува забраната, е неприфатливо во каква било форма – рече Зеленски на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Пет членки на Европската унија од Централна Европа заеднички побараа од европскиот блок да ја продолжи забраната за увоз на украински жита и по 15 септември, со цел да се избегнат проблеми на пазарот, изјави неодамна унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.