Зеленски призна: Русите ја пробија нашата противвоздушна одбрана

Сподели со своите пријатели

По серијата експлозии низ Украина, претседателот Володимир Зеленски синоќа потврди дека некои руски ракети навлегле во украинската воздушна одбрана.

Loading...

„Имаше неколку погодоци“, рече Зеленски во видеото објавено на каналот Телеграм, но без други детали, пренесува ТАСС.

Низ Украина синоќа беше издадено предупредување за воздушен напад, а очевидци за ТАСС изјавија дека силна експлозија го потресе Киев.

Украинските медиуми јавија дека експлозиите се слушнале во регионите на Днепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмелницки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.