Украинскиот претседател објави дека разговарал со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Loading...
„Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација на украинско-белоруската граница, на реката Припјат. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста дека во моментот на пристигнувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација, сите авиони, хеликоптери и Ракетите стационирани во Белорусија ќе бидат приземјени“, напиша Владимир Зеленски на Фејсбук.