Зеленски побара построги казни за корупцијата, предложи да се изедначи со предавство

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе побара од парламентот заострување на казните за оние кои се прогласени за виновни за корупција за време на војната и предложи тие казни да бидат еднакви на санкциите добиени за велепредавство.

Loading...

„Му дадов задача на законодавното тело, а на пратениците ќе им бидат доставени моите предлози за поистоветување на корупцијата со велепредавство во војна. Мислам дека парламентот ќе го добие во наредната недела и тогаш топката е на теренот на парламентот“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Серијата промени на владата поради корупцијата вклучуваше смена овој месец на сите началници за регрутирање на регионалните армии по преглед на национално ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Зеленски претходно ја наведе борбата против корупцијата како клучна за војната против Русија.

Според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, Украина е на 116-то место од 180 оценети земји кога станува збор за корупцијата.

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук истакна дека надворешните и внатрешните фактори укажуваат дека опстанокот на Украина почнал да зависи од нејзината способност „навистина да ги искорени корумпираните како социјална група“.

Зеленски рече дека оние што ќе бидат прогласени за виновни треба да се соочат со правдата.

„Но, не се работи за стрелачки вод. Ова не е сталинизам. Ако има докази, лицето мора да биде зад решетки“, рече Зеленски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја би можела да ја зголеми поддршката за Украина поради помошта на Северна Кореја за Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.