Зеленски планира патување во Брисел на крајот на неделата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски размислува за патување во Брисел подоцна оваа недела, само неколку дена откако беше домаќин на група високи лидери на Европската унија во Киев, објави Политико.

Loading...

Соговорниците на бриселскиот портал наведуваат дека во тек се подготовките за посетата на украинскиот претседател во четврток, кога Зеленски треба да се обрати пред Европскиот парламент и да се сретне на ручек со лидерите на ЕУ за време на самитот на Европскиот совет.

Доколку се реализира, тоа ќе биде второ патување на Зеленски во странство од почетокот на војната пред една година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски по рускиот напад на Киев: Путин не се подготвува за мир

Во декември тој беше во Вашингтон за да побара поголема финансиска и воена помош од САД.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го покани Зеленски да го посети Брисел за време на неговата посета на Киев на 19 јануари, изјави висок извор од ЕУ за Политика, но украинските власти тогаш не се обврзаа на посета.

Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен потоа повторно разговараа за идејата со Зеленски и украинските претставници за време на посетата на Киев минатата недела.

Се чини дека Зеленски ја минимизираше можноста за таква посета за време на прес-конференцијата во Киев во петокот со двајцата лидери на ЕУ, велејќи дека постои „многу значителен ризик“ за неговото заминување во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја менува плочата: Неговиот најголем противник сега е клучот за мирот во Украина?

Еден функционер близок до консултациите меѓу Брисел и Киев изјави за Политико дека како што сега стојат работите, поверојатно е Зеленски да патува отколку не, но предупреди дека конечната одлука сè уште не е донесена поради различни безбедносни ризици.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.