Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека неговата влада очекува цврста поддршка од претставници на НАТО и други земји кои денеска се состануваат во Германија за да разговараат за зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руските сили со помош на помодерни борбени тенкови, пишува „Гардијан“.
Тој изјави дека Киев се подготвува за денешната средба во Рамштајн и дека „очекува силен пакет воена помош од САД, пренесува Гардијан“.
Состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија е последен во низата откако Русија ја нападна Украина пред речиси 11 месеци за да се разговара за идните пратки на оружје, особено германските тенкови Леопард 2 што ги користат армиите низ Европа.
Берлин има право на вето на секоја одлука за извоз на тенкови, а според сегашните показатели владата на канцеларот Олаф Шолц не покажала подготвеност да ја одобри поради страв да не ја испровоцира Русија, пишува „Гардијан“.
Некои сојузници сметаат дека загриженоста на Берлин е неоправдана, имајќи предвид дека Русија е веќе целосно посветена на војната, а Кремљ постојано повторува дека западните трансфери на оружје ќе го продолжат конфликтот и ќе ги зголемат страдањата во Украина, наведува британскиот весник.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.