Зеленски: Обновена Украина е носител и гарант на безбедноста

Сподели со своите пријатели

Обновената, трансформирана и зајакната Украина е носител и гарант на безбедноста, што значи заштита од секаков облик на руски терор и од секое повторување на руската агресија, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно видео обраќање.

Loading...

Тој изрази сочувство до семејствата на припадниците на украинските вооружени сили кои загинаа во гранатирањето на Херсон, пренесува Укринформ.

Како што наведе, „секој руски терористички напад е аргумент дека окупаторите немаат шанси да останат никаде на украинска територија“.

– Сега нашите воини на југ и на исток многу активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Ова ќе продолжи и во иднина. Заштитата од терор значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш повеќе нема да има можност да и донесе зло на Украина – рече претседателот на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва е подготвена за преговори за Украина

Тој потсети дека во Лондон веќе почнаа првите средби во рамки на конференцијата за закрепнување на Украина.

– Веќе се водени разговори во Швајцарија и Германија, во Франција и Италија. Има работа на различни нивоа за нашето закрепнување. И оваа работа ја насочуваме на тој начин што нашата реконструкција, нашето закрепнување да станат не само градежни проекти, туку и глобален проект за заштита – нагласи Зеленски.

Тој рече дека на конференцијата во Лондон утре ќе изнесе некои ставови за трансформацијата, додека целосната визија ќе биде претставена на крајот на месецот, пренесе украинската државна агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...