Зеленски: Независна и неслободна Украина не е Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод Националниот ден, кој Украина го слави денеска, изјави дека Украина е слободна, независна, суверена и неделива држава.

Зеленски во видео-обраќање рече дека Украина ќе се бори за својата државност до последен здив, последниот патрон, последниот војник, но не неговата, туку на непријателот, пренесува Интерфакс Украина.

„Ќе живееме за да се бориме и ќе се бориме да живееме. Нема да се откажеме додека не го избркаме последниот окупатор од нашата куќа. Нема да застанеме додека не го ослободиме последниот метар од украинската земја“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русите претрпеа големи загуби, ослободивме седум населби

Според него, Украина и Русија се борат за различни работи, така што крајот на конфликтот ќе биде различен за секого.

„На руски, тоа е неуспех на специјална операција. На украински, тоа е победа во војната“, додаде Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.