Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, во врска со синоќешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина, дека на земјата ѝ е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе и даде на Русија „дозвола за глобален терор“.
„Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на мрежата Х, додавајќи дека „ако руските ракети и беспилотните летала Шахед продолжат да ја погодуваат, не само Украина, туку и решителноста на нашите сојузници, тоа ќе претставува дозвола за глобален терор“.
Тој предупреди дека на Украина ѝ е потребна поддршка, а не „да ја врти главата и да води долги дискусии“.
„Светот може да покаже дека секој акт на терор се третира подеднакво како злосторство“, истакна Зеленски и рече дека „тој е благодарен на секој лидер кој не молчи и кој ќе продолжи да ја поддржува Украина и да го осудува рускиот терор“.
Како што изјави Зеленски, Русија во текот на ноќта истрелала повеќе од 40 ракети и околу 40 камикази беспилотни летала Шахед, а тие напади ја погодиле цивилната инфраструктура во украинскиот град Харков и регионот Харков, каде што повеќе од 200.000 корисници останале без струја.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.