Украинскиот претседател Володимир Зеленски негира дека повикал на нуклеарен напад врз Русија, но, како што вели, употребил украински збор што бил погрешно разбран.
Русија го искористи тоа во своја полза, вели Зеленски и тврди дека руските власти почнале да го „подготвуваат општеството“ за можна употреба на нуклеарно оружје, но и дека не верува дека е подготвено да го употреби.
„Тие почнуваат да го подготвуваат своето општество. Тоа е многу опасно. Тие не се подготвени да го направат тоа, да го користат. Но, тие почнуваат да комуницираат. Тие не знаат дали ќе го користат или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.
Тој повторно повика на воведување превентивни санкции против Русија и повика на неопходни мерки бидејќи, како што наведува, „руските закани претставуваат ризик за целата планета“, а ја зазеле и нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.
„Светот може веднаш да ги запре акциите на руските окупатори“, рече тој, додавајќи дека светот може да ги принуди да ја напуштат нуклеарната централа.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.